(ФОТО) Во Бока Которска извлечена туна долга два метри


Долгогодишниот спортски рибар од Каменари, Бока Которска, и член на Црногорскиот клуб за спортски риболов, Мирко Мандиќ, вчера се врати од риболов со најголем улов досега – туна капиталец од 72 килограми и долга 1,9 метар.

Туната „удрила“ во близина на Пераст, на околу 30 метри длабочина, а тешката борба се одвивала речиси еден час, објави порталот „Радио Јадран“.

– Ловев со т.н. техника „спининг“. „Ја закачив“ со стапот во близина на Пераст, но ме влечеше до Ораховац. Во основа, успеав да ја совладам во средината на заливот. Ја следев, ја држев оптегната додека не ја изгуби силата. Потоа ми пукна стапот и морав да ја кренам. Во тоа време таа веќе падна во милот, а и рибарскиот конец ѝ се имаше намотано околу опашката – раскажува за својата рибарска авантура Мирко.

Тој бил сам на чамецот и сам успеал да извлече, како што вели „уште еден човек“ од водата, бидејќи тој и туната се приближно иста висина и тежина.