(ФОТО) Нова несреќа во Аеродром: Излета моторциклист


Нова сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром. Моторциклист излета од коловозот на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ кај Железничката станица, но, за среќа, барем според првичните информации, е  надвор од животна опасност. Брзата помош му укажа помош, а од голема помош е и тоа што носел шлем.

И пред неколку дена имаше тешка несреќа речиси на истото место. Жителите на Аеродром велат дека станува збор за црна сообраќајна точка, пред се затоа што се исклучени светилките на фонтаните. Бараат градоначалникот под итно да ги вклучи назад, бидејќи можеби ќе се потроши за светло, но ќе се заштеди на сигурноста во сообраќајот.