(Фото) Непознатата Гага во американскиот „Вог“


САД– Лејди Гага покажува минималистички стил на насловната на октомвриското издание на американскиот Вог.

Фотографирана од  Inez & Vinoodh,  Гага е облечена во црн Brandon Maxwell фустан и обетки од Ana Khouri.

За внатрешната фотосесија, Гага позира во импресивен, сензуален и елегантен стил, носејќи креации од Шанел, Живанши, Џими Чу и други луксузни модни марки.

Во интервјуто, таа зборува за работното искуство со Бредли Купер во филмот ‘A Star is Born’ кој имаше премиера на Венецискиот филмски фестивал.