(ФОТО) Македонци хит на интернет: Ограбиле пошта во Словачка, па објавиле фотографии со украдените пари на Фејсбук


Словачката полиција на својот фејсбук-профил објави дека трага по двајца, од тројцата државјани на Македонија, кои на 3 октомври во селото Водеради ограбиле поштаа. Се работи за Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42).

Тројцата македонски државјани се обвинети за разбојништво со огнено оружје. Тие се фотографирале со украдените пари, па фотографиите ги објавиле на социјалната мрежа Фејсбук.

Според билтенот на полицијата во Трнава, разбојнштвото се случило во 6 часот наутро откако Славчо, Кристијан и Горан со пиштоли и солзавец ги нападнале двете службенички пред влезот на поштата во Општината Водеради и присилно им одзеле голема количина евра.

„Пред неколку дена во селото Водеради се случи грабеж што го извршија тројца граѓани на република Македонија – Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42). Славчо е веќе уапсен, а се бараат другите двајца, за што се објавени и нивни фотографии. Ако имате какви било информации за нив, јавете се на 158 или пишете ни во приватна порака на Фејсбук. Тие се соочуваат со казна затвор од 7 до 12 години“, наведува полицијата.

Според словачкото МВР тројцата престојувале во различни хостели и користеле неколку автомобили.