(Фото) Ивана Кнез за силни жени: Јас во “Сенка“
Дизајнерката и колумнист Ивана Кнез секогаш е во центарот на вниманието со својата креативност, општествен ангажман и приватниот живот, ама за новата лимитирана колекција, реши да биде во сенка и фокусот да го пренесе на драматичните тоалети од брокат, свилена тафта, неопрен и чипка.
„Оваа есенска лимитирана колекција која ја насловив „Сенка“ го опишува мојот карактер како креатор во потполност. Сакам да ви ја раскажувам мојата лична дизајнерска приказна затоа и се појавив како лице на колекцијата. Ова е моја интимна верзија на Драма, таа зад која имам личен потпис, наменета за жени со силен карактер, исклучителен визуелен печат, кои не се претопуваат во стереотипите на општеството“ вели Кнез.
Приказната за колекцијата е под продукција на Дарко Митев, претставена со видео запис и фотографии. Визуелниот дел е застапуван од тимот на Драма Студио. (Л.С.)