(Фото) Загинаа 23 лица, спасувачите извлекуваат жртви од торнадото во Алабама


Во налет на торнадо што ја погоди американската сојузна држава Алабама, до сега настрадаа најмалку 23 лица, наведува Ројтерс. Меѓу нив има и деца.
Најтешко е погоден најголемиот град во таа држава и областа Ли Каунти, каде речиси сите објекти се речиси уништени. Локалните медиуми пишуваат дека се очекува бројот на жртви да расте од час во час како што се пронаоѓаат нови тела под урнатините. Ап наведува дека торнадото било со јачина од Ф3 (брзина на ветрови од 250 до 330 километри на час) и пречник од околу 800 метри.
„Предизвик е неверојатната количина урнатини на местото каде се наоѓаа куќи. Ова е најголема количина урнатини што сум ја видел“, изјави шерифот на округот Ли, Џеј Џонс за Ројтерс.
 
Најмалку 40 повредени се примени во болница, а некои се пратени и во други болници.
Куќите летаа, бурата корнеше дрвја, далекуводи. „Јас не памтам вакво нешто“, вели шерифот на областа Ли Каунти. На теренот се спасувачки екипи и хеликоптери кои со помош на термални камери бараат преживеани, заробени во урнатините на куќите.
Портпаролката на службата за вонредни ситуации, Рита Смит, соопшти дека неколку кучи се потполно уништени или оштетени во Боригард, 90 километри источно од Монтгомери, главниот град на Алабама.
Бурата ја зафати и соседната држава Џорџија, каде околу 21.000 жители останаа без електрична енергија.
На граѓаните на погодените области им се обрати и претседателот на САД, Доналд Трамп кој преку Твитер им порача да бидат внимателни и да се погрижат да бидат на сигурно.