(ФОТО) Возило превртено кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, едно лице повредено


Сообраќајна несреќа се случи утрово во близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Возилото марка „Даеву Матиз“ од засега непознати причини се превртело при што повреден е возачот.

Итната медицинска помош интервенирала веднаш и лицето е префрлено во скопскиот Ургентен центар.

Како што соопшти полицијата, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со лесни телесни повреди и пет со материјална штета.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 61 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 44 возачи од кои: осум возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, шест возачи затоа што биле возачи-почетници и седум поради останати прекршоци. Исто така исклучени од сообраќај се и 20 возила поради тоа што 17 не биле регистрирани и три технички неисправни.

Во текот на изминатиот ден издадени се 234 мандатни платни налози, додека 73 возила. се подигнати со специјално возило “пајак”.