(ФОТО/ВИДЕО) Благој Нацоски: Добро сум, но и шокиран од трагедијата во Џенова


Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој живее и работи во италијанскиот град Џенова, се огласи денеска на социјалните мрежи, да соопшти дека е добро откако се случи  несреќа на фреквентен автопат во градот во кој живее.
– Ви благодарам на сите за пораките. Jас сум добро, дома сум шокиран. Денеска требаше да поминам на тој мост – напиша Нацоски.

Делот од автопатот А10 во пристанишниот град Џенова се урна рано утрово.
Службите за итни случаи се наоѓаат на местото на настанот, а се стравува дека во моментот на падот на мостот се наоѓале повеќе автомобили и дека има повредени.
Италијанскиот министер за транспорт Данило Тонинели изјави дека станува збор за огромна трагедија, објави за „Ројтерс“.