Физички нападната жена во автомобил од својот пријател


Вчера во 21:40 часот од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека кај нив билa донесенa повреденa Е.С.(33).Со неа бил извршен разговор во кој изјавила дека истиот ден околу 20 часот на паркинг во Скопје, додека била во нејзиното возило заедно со нејзиниот пријател С.Т.(46), во еден момент тој физички ја нападнал. Се работи на целосно расчистување на случајот.