Утре „вонредна состојба“ во Амбасадата на САД во Скопје


Припадниците на МВР утре ќе одржат заедничка вежба за итна реакција со амбасадата на САД во Скопје.

Вежбовните активности, како што информираат од МВР, ќе се одржат во кругот на амбасадата, поради што ги информираат граѓаните дека како дел од сценариото може да се слушнат сирени за итни случаи и аларми.

– Вежбовните активности ќе вклучат наизменично затворање на улиците и пренасочување на сообраќајот во близината на амбасадата на САД во текот на утрото. Заедничката вежба ќе им овозможи на МВР и на Амбасадата на САД поефикасно да ги координираат активностите во случај на вонредна состојба – велат од МВР.