Украинка се изгубила на Попова Шапка, спасена по интервенција на полицијата


Украинка, која била на кампување на Попова Шапка, вчера се изгубила, но за среќа била пронајдена по полициска акција за спасување.

Според информациите на полицијата, таа кампувала на планината со уште две лица од Германија и Израел, по што тројцата продолжиле со кампувањето.

– Украинката се изгубила завчера, околу 18:30 часот, кога Ф.О. кампувала на планината заедно со Ј.М.(27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израел. Попладнето до полиција стигнал повик дека таа се изгубила по што отпочнала потрага. Пред стемнувањето полициските службеници успеале да ја пронајдат изгубената Украинка во непосредна близина на месноста Шипковачки Бачила, под Попова Шапка, по што тројцата продолжиле со кампувањето – информираа од полицијата.