УЕФА го казни Зенит за расизмот на неговите навивачите


Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Зенит Санкт Петербург да го игра следниот натпревар од eвротурнирите зад затворени врати поради манифестација на расизам.
Рускиот клуб доби санкција поради навредливите скандирања на навивачите на тимот кон темнокожите фудбалери од РБ Лајпциг при ремито 1:1 во натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа на 15-ти март.
Зенит, исто така, ќе мора да плати парична казна од 50.000 евра за случајот.
Друг руски клуб, ЦСКА Москва, пак, е казнет со 20 илјади евра поради однесувањето на своите приврзаници во четвртфиналето од Лига Европа против Арсенал на 12 април.
Навивачите користеа забранета пиротехника и фрлаа предмети кон теренот при ремито 2:2, по кое тимот од Лондон се пласираше во следната фаза со вкупен резултат 6:3.