Убиен серискиот убиец во Босна и Херцеговина


Најбараниот бегалец во Босна и Херцеговина, кој се сомничи за брутална убиство на полицаец и продавачот Суад Султаниќ, убиен е од страна на полицијата на кантонот Сараево, јавија босанските медиуми.
Един Гациќ се сомничи за убиства на полицаецот на 9 февруари и на продавачот на 6 февруари.
Гациќ пукал на полицајците и при тоа ранил еден. Имено, еден куршум изгребал еден од специјалците на кого на лице место му е укажана помош и не се работи за сериозна повреда.
кога полицајците го опкружиле, тој почнал да пука кон нив. Според неофицијални информации, кај него е најден службениот пиштол на убиениот полицаец Махир Бегиќ.
Осум дена беше во бегство, а граѓаните беа во страв. Владата на Кантонот Сараево денеска распиша и награда од околу 25.000 евра за информација која ќе доведе до негово апсење.
Гациќ е сериски убиец, а од затвор е пуштен во 2017 година.