Тројца бугари краделе на Зелен пазар во Скопје


Полицијата приведе три лица државјани на Бугарија под сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“.

„На 21.07.2018 година во 11,40 часот во Скопје, на влезот од Зелен Пазар, од страна на полициски службеници од Полицискта станица Центар, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „кражба“ приведени биле се Н.З.(19), М.Д.(41) и А.Д.(27), сите од Бугарија“, соопшти полицијата.

Истите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.