Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје


Пешак бил тешко повреден во една од вкупно шест сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во една била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаци, еден возач за неправилно престројување и шест возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како 14 нерегистрирани возила. Затекнати биле 98 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 97 возила.

Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во градинката „Весели цветови“, објект „Синоличка“, во општина Кисела Вода.