Тешко повредено девојче во Неготино откако ја удрил автомобил


Единаесетгодишно девојче од Велес е тешко повредено во Неготино кога во дворот на една здравствена установа во неа удрило патничко возило „Киа Спотаж“.

Полицијата соопшти дека вчера во 9:30 часот во двор на здравствена установа на ул. „Ико Заров“ во Неготино, В.Н. (48) од Неготино, управувајќи патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 11-годишно девојче од Велес.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Општата болница Кавадарци била препратена во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.