Тетовка избодена до смрт од нејзин роднина во Скопје


Четириесет и едногодишна жена од Тетово синоќа починала на пат кон болница од повреда од нож во стомакот што и ја нанел нејзин роднина во Скопје.

Како што соопшти МВР, синоќа во 22.50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во куќа на ул. „Дижонска“ М.Ш.(33) од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот Ж.К. (41) од Тетово, со која бил во роднински врски, откако претходна таа го нападнала со стап.

Во 23.13 часот на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош. М.Ш. бил пренесен во Ургентниот центар и по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.