Татко го избол синот со нож по расправија


Седумдесет и петгодишен жител на кочанското село Теранци по расправија и физичка пресметка синоќа го избодел со нож својот син.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа околу 23:20 часот во кочанското село Теранци, дошло до расправија и физичка пресметка помеѓу Д.С.(75) и неговиот син Д.С. (38).

Во пресметката, таткото со нож му нанел две убодни рани на синот. Потоа, Д.С. (38) бил пренесен во Медицински центар Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Д.С. (75) бил приведен во Полициската станица Кочани. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.