Судиите и обвинителите на увид на „опелот“ во „Монструм“


Судиите и обвинителите утрово во присуство на медиумите ќе вршат увид на автомобилот „опел омега“, кој е еден од клучните докази во случајот „Монструм“. Возилото се наоѓа во близина на селото Миладиновци во депо кое е под надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот.

Според обвинението, токму во ова возило е најдена ДНК на првообвинетиот Алил Демири, кој се товари дека е еден од извршителите на петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Се чека Крим техничар за да го отвори возилото Опел Омега кој е доказ во случајот монструм. За одбраната спорен е бројот на шасијата односно дали ова е истата кола која се вештачела претходно.

(Ф.Ф.С.)