Судењето на Јанкулоска за „Тенк“ одложено за 29 август


Судењето за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ е одложено за 29 август, бидејќи таа е на породилно боледување.

Одбраната на Јанкулоска денеска до Судот ја достави нејзината медицинска документација.

Судијката Добрила Кацарска на претходното рочиште закажа 25 нови рочишта до октомври годинава.

На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост.

За овој случај поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.

Случајот „Тенк“ се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.