Стоилковски:Пресудата на Поповски, реализација на партиско политички нарачки и неправда
Ова што го видовме денеска не е суд и правда, туку реализација на партиско политички нарачки и неправда. Невини луѓе кои ниту оствариле каква било имотна корист и не предизвикале никаква штета се осудуваат со драконски казни, а Зоран Заев кого целата јавност го виде како бара поткуп се ослободува од каква било одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ во врска со пресудата за Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во МВР.
Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски изјави дека вакви процеси какви што води судот под притисок на криминалниот картел на власта се водат само во Северна Кореја, а можеби ни таму.
Според него, СЈО го заснова врз само еден приватен телефонски разговор.
„СЈО нема ниту еден издржан аргумент. Пресудата, особено нејзината висина е одраз на политички притисок од страна на картелот на власт. Зоран Заев лично го најави овој прогон и во негова изјава пред неколку дена ги најави првите пресуди“, рече Стоилковски.