Стефано Габана ја навреди блогерката Кјара Ферањи на свадба: Евтина си!


Италија– Дизајнерот Стефано Габана од познатиот двоец „Долче и Габана“  пак предизвика скандал на модната сцена. Ја навреди славната блогерка Кјара Ферањи, коментирајќи дека била евтина на свадбата викендов на Сицилија.

Ферањи, заштитно лице на „Ланком“  се венчаше со познатиот рапер Федез со кого седуммесечниот син Леон. На елегантната церемонија, се пресоблекувала три пати, во креации на „Диор“.

Свадбата, според италијанските медиуми, чинела 20 милиони евра. Калкулациите се движат вака – секој пост на прочуената блогерка Ферањи, кој е спонзориран од модните компании, изнесува 11 000 евра. Постовите кои ги објавува на Инстаграм преку блогот Блондесалад чинат од 50 до 60 илјади долари. Пресметувајќи го бројот на постови кои беа постирани околу свадбата, се доаѓа до вртоглава цифра.

Сѐ што носеа на свадбата Кјара Ферањи и Федез било брендирано од луксузините модни марки – од чевли до чанта, а секако и платено, додека сите спонзорирани постови на социјалните мрежи се објавуваат под хаштагот #TheFerragnez Кјара има над 14 милиони следбеници на Инстаграм.

Претходно, Габана предизвика реакции во јавноста откако поп-ѕвездата Селена Гомез ја нарече грда.