Старбакс продава повеќе од 80 продавници во Европа
САД– „Старбакс” ќе го реструктурира својот бизнис во Европа по неколку години слаба продажба. Компанијата со седиште во Сиетл ќе продаде 83 продавници што ги има во Франција, Холандија, Белгија и Луксембург на својот долгогодишен партнер Алсеи.
„Старбакс” планира да ги затвори канцелариите во Амстердам и да го консолидира своето европско седиште во Лондон. Ова ќе влијае на 186 вработени кои ќе можат да аплицираат за работа во Лондон.