Србија произведе нов авион после 30 години


Новиот авион „сова“ (був), произведен во фабриката за авиони „Утва“ во Панчево, ќе го има првиот пробен лет.

Програмата, „41 М“, попозната како „сова“, беше финансирана од „Југоимпорт“ , а фабриката „Утва“ беше ангажирана во дизајнирање, модификација, производство на прототипот, тестирање и сертификација на авионот.

Овој тип авиони е произведен во „Утва“ минатата година, а фабриката по повеќе од 30 години успеа да дизајнира и почна да го тестира новиот авион.

Авионот „утва“ е наменет за обука, спортски и туристички летови и за панорамски разгледувања.