Србите и Хрватите купуваат во соседството


Се повеќе купувачи од регионот, а посебно од Хрватска и Србија набавуваат производи во продавниците на Босна и Херцеговина.
Минатата година странски државјани на излезот од БиХ поднесоа повеќе од 400.000 барања за поврат на данок на додадена вредност. Дури 55.000 повеќе од 2017 година, пишува „Политика“.
Враќање пари, според прописите на оваа земја, се остварува доколку се купи стока во вредност повеќе од 100 конвертибилни марки или 50 евра.
Во БиХ единствената стапка на ДДВ на која странците имаат право на враќање е 17 отсто.
На граѓаните од пограничните подрачја поевтино им е да се снабдат кај соседите. Хрватските медиуми ја пренесуваат информацијата од Управата за индиректно оданочување на БиХ, дека враќање на данок е побаран во вредност од 61 милион евра, а тоа е 10 милиони повеќе од претходната година.
Во БиХ најмногу се купуваат млечни производи, слатки, тестенина, пијалоци и зеленчук. Добро се продава и мебел и бела техника. Соковите во Босна се напола поевтини отколку во Хрватска.
Право на поврат на ДДВ во БиХ странските државјани имаат и на минерални масла, алкохол, производи од тутун…