СП ракомет: Данските судии признаа дека ја оштетиле Хрватска
Германија – Данската судиска двојка Мартин Гјединг и Мадс Хансен јавно признаа дека ја оштетиле хрватската репрезентација на натпреварот со Германија. Хрватите го загубија мечот и со тоа шансите за полуфинале. Судиите во клучните моментите кога се одлучуваше победникот досудија пробивање од Карачиќ, наместо пенал за Хрватска.
– Одлука која имаше големо влијание. Кога досудувате прекршок во напад, еден од критериумите е дефанзивецот да стои мирно. Тука не беше таков случај. Не ми требаше да ја погледнам снимката многу пати за да видам дека погрешив. Ние не спиевме мирно, затоа што таа одлука имаше големо влијание врз една репрезентација, изјави Гјединг.
Неговиот колега, судија Хансен, дипломатски истакна:
“Се разбира, тоа влијае на нашата гордост и професионализам во кој вложуваме секој ден. Сепак мислам дека силно се носевме со притисокот. Ако тоа не знаеме да го направиме, тогаш не ни е место на теренот.