Софијанова и уште четворица обвинети не дојдоа на судењето за Тамара


Поранешната директорка на детската клиника Аспазија Софијанова, поранешната директорка на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова и уште тројца обвинети не дојдоа на судењето за смртта на малата Тамара.

Судењето се одложи за на 4 јули, а во судницата не беа родителите на починатото девојче.
Нивниот правен застапник Тодор Тодоров изјави дека е задоволен што конечно овој случај влезе во судница.

– Ова треба да биде пример како не треба да функционира здравствениот систем, изјави Тодоров.

За смртта на малата Тамара обвинети се 12 лица но не и тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.

Малата Тамара почина пред повеќе од три години чекајќи здравствените власти да и одобрат операција во странство.

(Ф.Ф.С.)