Словенечкиот уметник Дарко Брлек доаѓа на 59.„Охридско лето“
Директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал, Дарко Брлек остварија работна и мошне конструктивна средба.
На средбата беа разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек договорија заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика.
Големиот вљубеник во класичната музика кој 27 години раководи со Љубљански фестивал, на вчерашната средба го најави и неговото присуство на 59-тото издание на „Охридско лето“, информираат од фестивалската дирекција.