Скршил стакла на автобус и го претепал возачот


Триесет и тригодишен скопјанец е уапсен откако претепал возач на ЈСП „Скопје“ и го искршил автобусот. Инцидентот се случил во вторникот околу 14.15 часот на улицата „Народни херои“ во населбата Кисела Вода, кога Д.А. (33), управувајќи автомобил „застава“ му го пресекол патот на автобусот со број „24“, управуван од М.И. (52), при што излегол од возилото, искршил еден од прозорците на автобусот и со дрвена палка физички го нападнал шоферот, соопшти МВР.

„Од страна на полициски службеници, Д.А. бил лишен од слобода и приведен во ПС-Кисела Вода за понатамошна постапка“, велат од полицијата.