Скопјанец нападнат со тупаници во кафе-бар поради став за референдумот


Вчера во полициската станица Центар било пријавено дека во 00.15 часот, во кафе-бар во Скопје, додека И.Е. бил со негов пријател му се приближил Ј.Л.(33) од Скопје, со кој се познаваат од претходно, и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во бессознание.

– На 29.09.2018 година во 13.30 часот во Полициска станица Центар И.Е.(44) од Скопје пријавил дека околу 00,15 часот во кафе бар во Скопје додека бил со негов пријател му се приближил Ј.Л.(33) од Скопје со кој се познаваат од претходно и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во бессознание. Преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и против Ј.Л. е поднесен соодветен поднесок – велат од МВР.