Силва: Вратите за Руни секогаш ќе бидат отворени
Новиот менаџер на Евертон, Марко Силва на својата прва прес-конференција изјави дека не е исклучено Вејн Руни да остане во клубот. Триесет и двегодишниот поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед преговара со тимот од МЛС, Ди Си Јунајтед, но има договор со „карамелите“ за уште една година.
Силва додаде дека има мала листа на големи имиња, кои ќе се обиде да ги привлече на „Гудисон Парк“.
– Руни е легенда на клубот, па затоа треба да ги разберам сите детали околу него. Вратата е секогаш отворена за Руни. Знаеме што сакаме, но прво нешто е да видиме што имаме. Имам неколку големи имиња. Листата не е долга. Многу е важно да покажеме почит кон составот и играчите што ги имаме. Ќе се потрудиме да го засилиме тимот и да ја зголемиме конкуренцијата“, рече Силва.