Се шири списокот на филмски звезди сексуални вознемирувачи


Полицискиот оддел во Лос Анџелес испитува околу дваесет случаи во врска со наводното сексуално вознемирување од страна на повеќе луѓе ангажирани во забавната индустрија во Холивуд.

Како што соопшти неименуван  полициски офицер од NBC, овие случаи вклучуваат поединци познати на јавноста, но се уште не се идентификуваат. Обвинувањата се движат од физички повреди до силувања, и во многу случаи повеќе луѓе се жалеа на иста личност, соопштил тој.

Според неговата изјава, во  полицијата доаѓаат се повеќе и повеќе пријави така што  бројот на истрагите  ќе се зголеми.

Во фокусот на скандалот се најде  холивудскиот продуцент Харви Вајнстајн, кого повеќе од   36 жени јавно го обвинија  за сексуално вознемирување. Покрај него, со тужба се соочуваат актерите  Кевин Спејси и уште неколку други глумци, меѓу кои  Дастин Хофман и режисерот Брет Ретнер.