Се породи актерката Кејт Хадсон


САД– Холивудската актерка Кејт Хадсон стана мајка на девојче по име Рани Роуз.

За славната актерка и нејзиното момче Дени Фуџикава ова е прво дете, а таа на Инстаграм објасни дека девојчето го добило името по таткото на нејзиното момче, кој за сите нив бил сакана личност.

Кејт веќе има син, 14-годишниот Рајдер со поранешниот сопруг Крис Робинсон и шестгодишниот Бигам со поранешниот свршеник Мет Белами, фронтменот на бендот „Мјуз“.

Со сегашното момче Кејт е во врска повеќе од една година.

Кејт е ќерка на исто така славната актерка Голди Хоун.