Се одложи судењето за „хациендите“ на Латас


Судењето за трите куќи, изградени во скопско Зелениково, сопственост на Драган Павловиќ Латас и на неговите двајца браќа, уште непочнато – се одложи.
За денеска беше закажан старт на судскиот процес „Тревник“, но тој е одложен по барање на адвокатите и рестартот е закажан за 16 мај, пишува правосудство.мк.
Латас, кому ова му е втор судски предмет, и неговите двајца браќа се товарат дека бесправно изградиле три викенд-куќи во скопското село.
Специјалното јавно обвинителство поседува бројни докази кои се однесуваат на овој предмет. Доказите датираат од 2011 година кога е започнато со градба, а која што е завршена во 2013 година.