Серена Вилијамс: Се враќам за повторно да бидам број еден
Американската тенисерка Серена Вилијамс изјави дека се враќа на натпреварувањата со цел повторно да биде најдобра во светот.
Вилијамс од јануари 2017 година беше на породилно отсуство, а сезонава се врати со настап на турнирите во Индијан Велс и Мајами. Потоа се повлече од мастерсите во Мадрид и Рим, но се очекува да настапи на Ролан Гарос.
– Не се враќам само за да се натпреварувам, туку за да победувам. Сакам мојата ќерка да види дека мајка и е многу добра во она што го работи, истакна американската тенисерка.
Серена Вилијамс, која е една од најдобрите тенисерки на сите времиња, досега три пати го освои Ролан Гарос.