Седумнаесетгодишник силувал девојка од Штип


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе посебен извештај против 17-годишник од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Како што соопшти денеска МВР, на 22 август годинава околу 22 часот во куќа на улица „Братство Единство“ во Виница, пријавениот извршил обљуба над 16-годишна девојка од Штип.