Светска банка ќе ја презентира Систематската дијагностика за Македонија
Како што се наведува станува збор за анализа во која се разгледува напредокот на Република Македонија во текот на 27 години по осамостојувањето, односно се проценуваат како пречките така и можностите за сеопфатен и одржлив раст и се утврдуваат приоритетите на јавните политики за поддршка на развојот на земјата.
Извештајот ќе го претстават и презентираат Линда Ван Гелдер, регионален директор за земјите од Западен Балкан при Светска банка, Марко Хернандез, програмски лидер на секторот за макроекономија, трговија и инвестиции ико-автор на извештајот и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели.