„Самоопределување“ избира лидер, отцепеното крило подготвува нова партија


Косовското движење „Самоопределување“, кое е трета по големина партија, денеска избира претседател.

Единствен кандидат за оваа функција е екс лидерот и основач на партијата, Албин Курти. Членовите на партијата гласаат на седум избирачки места а правото на глас треба да го остварат до 19 часот.

Расколот во партијата се продлабочува, па до сега поголем број од клучните личности, меѓу кои Висар Имери, кој до неодамна беше прв човек на партијата, Шпенд Ахмети, актуелен градоначалник на Приштина, потоа Дардан Молиќај, екс организационен секретар на партјата и други, не се имаат појавено на гласачките места каде што треба да гласаат.

Во меѓувреме, анти-Курти групата, како што ја нарекуваат, се подговува за формрање нова партија, која најверојатно ќе го носи името Социјалдемократска алтернатива на чие чело ќе биде Висар Имери.

Новата партија на „Самоопределување“ од вкупно 31 пратеник ќе му „земе“ најмалку 10 пратеници, кои до сега имаат поднесено оставки од функциите во „Самоопределување“.