Роналдо казнет за еден натпревар во ЛШ, ќе игра против Јунајтед


Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе биде казнет со еден натпревар во Лигата на шампионите по црвениот картон на натпреварот со Валенсија.

 Португалецот заработи директен црвен картон, по контактот со Муриљо во 29-тата минута од дуелот во првото коло од ЛШ.
Феликс Брих сметал дека однесувањето на Кристијано е за исклучување, а тоа предизвика контроверзни изјави, откако се шпекулираше дека може да пропушти дури три натпревари.
Сепак, УЕФА не беше на такво мислење и еден од најдобрите светски фудбалери ќе го пропушти само гостувањето кај Јанг Бојс на 2 октомври во Швајцарија.
Тоа исто така значи дека тој ќе биде во тимот за двата натпревара со својот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед.