Роналдо допатува на судење во Мадрид


Шпанија – Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо пристигна во мадридскиот суд каде ќе присуствува на рочиште во случај на затајување данок. Се очекува денес да биде изречена казната за Португалецот.

Во 2017 година, Роналдо кој настапуваше за Реал Мадрид, беше обвинет за затајување данок во висина од околу 14,8 милиони евра.

Фудбалерот ги прифати обвиненијата и ќе мора да плати парична казна од 19 милиони евра со условна затворска казна од 23 месеци.

Роналдо нема да оди зад решетки, бидејќи според законите на Шпанија, првата казна автоматски станува условна ако не надмине 24 месеци..

Роналдо во судот во Мадрид допатува со својата партнерка Ѓорѓина Родригез.