Рисот Деки полни шест години


Рисчето Деки стана рис, годинава ќе полни шест години, информираат од Македонското екологошко друштво (МЕД), кое вече петта година го следи овој шумски убавец што првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013 година. На првата фотографија (лево), осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад неговата мајка во Националниот парк „Маврово“.

„Од февруари до јуни 2015 година, движењето на овој рис го следевме и со помош на ГПС околувратник. Така успеавме да утврдиме дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална територија, којашто зафаќа 888 км2 и двојно ја надминува онаа на неговите соседи, рисовите Мартин и Марко“, соопштуваат од МЕД.

Истражувањата за балканскиот рис, Македонско еколошко друштво ги спроведува 12 години во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис на територијата на Западна Македонија.