Рики Мартин и сопругот ја добија ќерката Лусија


САД- Поп-ѕвездата од Порторико  Рики Мартин на Инстаграм објави дека го добил неговото трето дете, ќерката Лусија. Тој објави фотографија од раката на бебето и напиша дека заедно со неговиот сопруг, арапскиот уметник Џван Јозеф и 10-годишните близнаци, се вљубени во Лусија.

-Пресреќни сме што станавме родители на преубавото и здраво девојче Лусија Мартин Јозеф. Ова се посебни моменти за нас и одвај чекаме да видиме каде ќе нè одведе ова прекрасно бебе. Сите сме вљубени во неа, и нејзините прекрасни браќа и Џван и јас“, напиша Рики Мартин.

Џван и Рики Мартин ја посвоија Лусија. Пејачот во 2008 година, пак, стана татко на две момчиња-близнаци, кои му ги роди сурогат мајка.

Рики Мартин во 2010 јавно објави дека е хомосексуалец.