Реприза на минатогодишното финале во ЛШ: Вардарки им закажаа реванш на Ѓер


Ракометарките на ЖРК Вардар супериорно ја минаа првата пречка на патот кон освојување на првата титула во Европската лига на шампиони. Тие со 25:19 ја совладаа екипата на Ростов Дон, во меч кој во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Најефикасни во тимот на вардарки беа Лекиќ и Пенезиќ со по седум гола, додека Амандин Лејно беше неприкосновена меѓу стативите со 18 одбранети удари.

Мечот за титулата меѓу ЖРК Вардар и Ѓер е утре попладне од 18 часот. ЧСМ Букурешт и Ростов ќе играат за третото место од 15.15 часот.