Реал потпиша договор со 18-годишен бразилски напаѓач


Европскиот фудбалски шампион Реал во своите редови го донесе напаѓач Родриго Родригез. 18-годишниот Бразилец на својот Инстаграм профил објави дека следните шест години ќе биде дел од „кралскиот клуб“.

-Ми се оствари сонот да бидам дел од најдобриот клуб во светот. Сигурен сум дека тоа е најдобро место за напредок. Се надевам дека ќе им донесам радост и трофеи на навивачите, напиша Родригез.

Негов матичен клуб е Новоризонтино од Бразил.