Пронајден кокаин кај гостиварец


Гостиварската полиција уапсила 26-годишен жител на гостиварското село Речане, кај кого бил пронајден кокаин.

Како што информираат од МВР, по апсењето спроведено во попладневните часови на 4 февруари, во неговиот автомобил „ауди А4“ пронајдени биле предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.

Гостиварецот е задржан во полициската станица во Гостивар.