Проект на ЕУ, МВР и НБРМ за поефикасна борба против фалсификување евра
Проектот ќе трае осум месеци и буџетот за него изнесува 250.000 евра. Ќе го спроведуваат Министерството за внатрешни работи, Народната банка и Дојче Бундесбанк, со поддршка од експерти од хрватската, австриската и од Европската централна банка.
На Конференцијата предвидено е обраќање на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вицегувернерката на НБРМ, Емилија Нацевска, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.
Како што информираат од ИПА одделението Оддел за Европска Унија, целта на овој Твининг лајт проект на ЕУ е да се поддржи воспоставувањето цврст и ефикасен систем за заштита на националните финансиски интереси и на финансиските интереси на ЕУ, преку ефикасно следење на фалсификувањето евра. Тој опфаќа анализа на функционирањето на системот за борба против фалсификување банкноти и монети, утврдување на неговите недостатоци и препораки за негово подобрување. Проектот придонесува за зајакнување на соработката со сите релевантни домашни и странски институции.