Продолжи судењето за „Титаник 2“, адвокатот Дангов казнет за навреда на Судот
По паузата од половина час адвокатот на обвинетиот Сашо Срцев, Димитар Дангов, дојде во судницата со што продолжи судењето за предметот „Титаник 2“ на СЈО.
Судијата Огнен Ставрев рече дека Судот донел решение адвокатот Дангов да биде казнет според членот 361 и членот 88 од ЗКП, заради навреда на Судот. Судијата не кажа колкава е висината на казната.
Членот 88 од ЗКП предвидува казна во висина од 200 до 1.200 евра, за навреда на Судот.
Обвинетиот Срцев го повлече полномошното кое му го даде претходно на адвокатот Љупчо Шврговски да биде негов бранител, бидејќи Дангов дојде на рочиштето.
Прва сведочи поранешната членка на ДИК, Виолета Дума.
Од петте сведоци на СЈО за овој случај на денешното рочиште не е присутна Павлинка Динева.