Премиера во Лондон: Силата беше со принцовите Вилијам и Хари


Англија- Меган Маркл не е единствениот член на кралското семејство со актерски способности!

Принцовите Вилијам и Хари имаат мали улоги во новиот филм „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“. Браќата се појавија пред камерата облечени како сторм-трупери за време на нивната посета на филмскиот сет во „Пајнвуд студио“ лани, и ги прославија своите кратки улоги на премиерата на „Последниот џедај“ во концертната сала „Ројал Алберт“ завчера во Лондон.
Вилијам и Хери изгледаа многу елегантно на црвениот тепих, каде што се сретнаа со нивните ѕвездени пријатели и се подружија со BB-8.
Од палатата Кенсингтон, кратко по враќањето на принцовите, изјавија дека премиерата ќе собира донации за Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ и принцот Хари.
17 проекции за претпремиерата на филмот „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ вечерва се распродадени во „Синеплекс“ во Скопје. Скопската премиера на осмото продолжение, во времетраење од 150 минути е закажана за утре, еден ден пред премиерата во САД.

Откако „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ во 2015 година го освои светот, во новото поглавје сагата продолжува со Реј и нејзиното епско патување заедно со Фин, По и Лук Скајвокер.

„Војна на ѕвездите“ продолжуваат со нова трилогија, откриваат од „Дизни“. Писателот и режисер на новата серија ќе биде Рајан Џонсон. Тој ја сними „Епизода VIII: Последните џедаи“.Новата трилогија ќе биде одвоена од епизодната сага за семејството Скајвокер. „Епизода IX“ се очекува да се појави во 2019 година.