Прекинато судењето за луксузниот „мерцедес“


Судењето за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцесдесот“ од 600.000 евра за потребите на  поранешниот премиер Никола Груевски, е прекинато на еден час, бидејќи одбраната на обинетиот побара изземање на судечкиот совет, јави правосудство.мк. 

Адвокатот Димитар Дангов цени дека треба да се провери кои судии се јавуваат во т.н. „бомби“, а за што говореше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Се верува дека се мали шансите барањето на одбраната на Груевски, на Гордана Јанкулоска и на Ѓоко Поповски да добие „зелено светло“, но останува констатацијата дека случајот„Тенк“ може да биде прв кој ќе заврши со пресуда.