Прегазени двајца пешаци во Куманово и во Битола


Во две одделни сообраќајни незгоди со повреди се здобиле пешаци, кои биле удрени од автомобили.

На регионалниот пат Куманово-Свети Николе, вчера околу 5.30 часот, Д.М.(41) од Кратово, управувајќи патничко возило „Даеву тико“ со кратовски регистарски ознаки, удрил во пешакот В.Д.(85) од Куманово. В.Д. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Синоќа пак, во 21.40 часот на булевар „1-ви Мај“ во Битола, битолчанецот В.Т.(43) управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Н.(27) од Битола. Од ударот Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.